Американската пејачка, актерка и танчерка Џенифер Лопез денес полни 51 година. Родена е на 24 јули 1969 година во Бронкс, Њујорк, а по потекло е од Порторико. Џенифер стана позната во доцните 90-ти години како актерка и пејачка и стана првата жена од Латинска Америка која заработи повеќе од еден милион долари со филмска улога, а се проценува дека таа продала над 55 милиони албуми ширум светот.
Покрај пеењето и глумата, посветена и на вежбањето и често споделува фотографии од фитнес-сала, а понекогаш ѝ се придружува и нејзиниот познат свршеник, пензионираниот бејзбол играч Алекс Родригез (44).
Двојката ужива во својата врска и се чини дека на пејачката одлично ѝ оди и на приватен и на деловен план. Таа мораше да ја одложи свадбата поради вирусот, бидејќи, како што вели, немала време да ја организира дури и пред тоа.
Џенифер всушност се проби во јавноста со својата кариера како танчер. Таа се појави во 1991 година во шоуто „In Living Colour“, во кое ги покажа своите вештини за танцување. Џенифер одлучи да направи и актерска кариера, во 1997 година ја доби главната улога во филмот „Selena“, а за таа улога доби и номинација за Златен глобус.
Лопез стана првата актерка од Латинска Америка која заработи повеќе од милион долари на филм. По тоа, таа играше улоги во „Anaconda” и „Out of sight“.
По филмскиот успех, се посвети на музиката, па во 1999 година го издаде својот деби албум „On the 6“, кој беше на врвот на топ-листите низ целиот свет.
Додека нејзината музичка популарност растеше, Џенифер ја сними романтичната комедија „Свадба од чисто небо“. Таа стана првата жена што имала албум на врвот на музичките топ-листи и филм кој имал низа успеси во кината.
Иако е многу успешна, Џенифер немала лесен пат до успехот. Поради кариерата како танчер, таа се откажала од колеџот и се расправала со мајка си.
– Спиев во плакарот во студиото за танцување. Сакав кариера како танчерка и всушност бев бездомник – рече таа еднаш.
Лопез ги објави своите мемоари „Тrue Love” во 2012 година, а во нив откри дека успешно го комплетирала триатлонот во 2008 година, што не е можно ако не сте физички подготвени пред тоа или ако не сте спортистка која цел живот се подготвува за тоа.
– Знаете, никогаш порано не сум сторила такво нешто. Трчав 10 милји кога имав 12 години, но никогаш не направив ништо дури ни близу до тоа. Утрото на трката, кога стоев опкружена со илјадници папараци и се подготвував да скокнам во морето, сфатив дека тоа не е најдобрата идеја – истакна Џенифер.
Пејачката привлекува внимание со својот изглед, а магазинот „People” ја прогласи за најубава жена на светот. Покрај тоа, таа е единствената жена која беше трипати прва на списокот на 100 најсекси жени од магазинот “FHM”.
Нејзината прва јавна љубовна врска беше со музичкиот продуцент и изведувач Шон Комбс, попознат и како Паф Диди. Таа беше верена со американскиот актер Бен Афлек, а меѓу фановите, парот беше познат како „Бенифер“, но тие никогаш не се венчаа.
Пејачката зад себе има три брака. Таа за првпат се омажи во 1997 година, а беше во брак со актерот Ојани Ноа (46), само една година.
По него, во 2001 година се омажи за друг актер, Крис Жад (50), а се разделија две години подоцна. Нејзиниот последен, трет брак беше со музичарот Марк Ентони (51) и траеше 10 години. Поранешните сопружници имаат близнаци, Максимилијан и Ема (12), а нивната врска изгледаше како во романтичен филм, сè додека не се разведоа и не ја разбија илузијата за совршен брак.
Се шпекулираше дека раскинале бидејќи пејачката наводно имала афера со кубанско-американскиот актер Вилијам Леви (39), кој се појави во нејзиното видео за песната „I’m Into You” како главен актер.
И покрај неуспешните бракови, нејзината последна врска се одвива во добра насока од 2017 година, а Алекс е повеќе од заљубена во неа. Таа постојано открива дека тој во моментов е нејзина најголема поддршка во животот.
Исто така, пејачката се погрижи да го осигура телото. Таа го осигура задникот на 27 милиони долари, а скапо ги наплаќа и нозете. Џенифер бара по милион долари за секоја минута од нивното појавување во оглас, па не е ни чудо што има околу 400 милиони долари на својата банкарска сметка.