Три од шесте деца на Џоли, сакале да сведочат против Бред Пит

Три од шесте деца на глумицата Анџелина Џоли, сакале да сведочат против нивниот татко Бред Пит, на рочиштето за добивање на старателството над нив, но, судијата не им дозволил.

На крајот во мај годинава, судијата Џон Удеркирк, донел одлука за заедничко старателството давајќи му победа на актерот по скоро пет години правна битка.

Мадокс, Пакс, Захара, Шилјо и близнаците Вивиен и Кнокс, се петте деца кои Бред и Џоли ги добија додека беа заедно. Тие се разведоа во 2016 година по 12 години брак.

„Три деца побараа да сведочат“, велат адвокатите на Џоли во судските документи кои ги поднеле во декември 2020 година. Во документите не е наведено кои од нив сакале да сведочат против татко им, но, е наведено дека тие биле доволно возрасни за да разберат што се случува.

„Ова судење на нив сигурно ќе влијае емоционално. Да се натера некое од децата да го трпи она што би можело на крајот да испадне дека е залудно, не само што е неоправдано, туку и сурово“, е навеле адвокатите.

Независен адвокат пак изјавил дека сведочењата на децата биле слушнати за време на постапката. Тој рекол дека судската одлука била донесена по сведочењето на луѓе со кои децата зборувале во текот на постапката, така што нивните сведочења биле земени во предвид.

Пит го добил заедничкото старателство по повеќечасовно сведочење од персоналот за заштита на деца, терапевти и други професионалци. Сите тие разговарале со нивните деца.

 

Џоли по одлуката на судот изјавила дека ќе ја продолжи борбата затоа што смета дека пресудата е погрешно донесена, затоа што судијата не дозволил децата да сведочат. Неодамна таа поднела документи во кои изјавила дека е подготвена да сведочи за наводното семејно насилство.

Извор близок до неа тврди дека Џоли се бори против системот кој не ги зема во предвид низа на проблеми кои влијаеле не само на нејзиното, туку и на други семејства, кои се во иста ситуација.

 

Scroll to Top