Триесет актерки го обвинија Вајнстин за сексуална злоупотреба

By

Пред неколку дена Њујорк Тајмс објави сторија за сексуалните вознемирувања во Холивуд и го посочи Харви Вајнстин како главен виновник. Оттогаш 32 актерки го обвинија холивудскиот продуцент за силување, сексуален напад и малтретирање, но се верува дека листата не е целосна.

dobivaj vesti na viber

Повеќето од нив раскажуваат дека Вајнстин ги повикал во собата, барал од нив да му испратат голи слики од себе и ја користел секоја можност да ги допира и сексуално да ги малтретира. Тој најмногу ги злоупотребувал младите актерки на почетокот на своите кариери. Откако вистината излезе на виделина, многу од нив ги споделија своите приказни со медиумите.

На листата актерки кои се сексуално злоупотребени од Вајнстин се: Анџелина Џоли, Рози МекГаун, Кејт Бекинсејл, Кара Делавињ, Леа Седокс, Гвинет Палтроу, Ешли Џад, Амбра Батињан, Хедер Греам, Томи-Ен Робертс, Росана Аркет, Кетрин Кендал, Џудит Годеш, Дон Данинг, Емили Нестор, Лора Мејден, Зелда Перкинс, Луција Еванс, Асиа Аргенто, Мира Сорвино, Ема де Конес, Џесика Барт, Лорен Сиван, Рамола Гараи, Луисет Гис, Сара Ен Мас, Лиза Кемпбел, Зои Брок и Лиус Годболд.

 

 

Ќе ви се допадне