Тристан пак ја изневерил Клои, НБА ѕвездата чека дете со личниот тренер

Кошаркарот Тристан Томпсон, повторно ја изневерил неговата сега веќе поранешна партнерка Клои Кардашијан , пишуваат светските медиуми. Додека биле заедно тој ја изневерил со неговиот личен тренер Марали Николс, со која сега го чека неговото 3 дете.

Ова е само една од низата неверства кои Тристан и ги приредил на Клои, откриваат блиски извори на кошаркарот. Томпсон со Клои, ја има ќерката Тру. Клои му раскина уште во април годинава, кога „Дејли Мејл“ објави фотографии на кои кошаркарот влегува во хотелска соба со три девојки.

Медиумите пренесоа дка тие лудо си поминале на една забава во Беверли Хилс.

Во емисијата „Во чекор со „Кардашијани“, Клои отворено зборуваше за врската со Томпсон и рече дека тој силно се трудел да ја врати нејзината доверба, но и додаде дека не може во целост да му верува.

 

 

 

Scroll to Top