Од компанијата „Твитер“ му го избришаа профилот на Канје Вест кога раперот објави видео во кое тој се измоча врз својата награда „Греми“.
Славниот рапер во последните неколку месеци во повеќе наврати ги изненади и загрижи своите фанови со своите скандалозни постапки.
Trust me … I WONT STOP pic.twitter.com/RmVkqrSa4F
— ye (@kanyewest) September 16, 2020
Тој како никогаш досега се соочува со поизразена манична фаза на неговото биполарно растројство за која отворено зборуваше и неговото семејство, кое вели дека прави сè за да го врати на вистинскиот пат.
Во синоќешниот испад на „Твитер“, Канје, освен инцидентот со наградата „Греми“, повика неколку издавачки куќи, откри доверливи договори, голем број телефони и контакти и побара помош од неколку славни лица.
Од „Твитер“ веднаш му го избришале профилот, но како што изјавил неговиот пријател, НБА-кошаркарот Рик Фокс, на Канје профилот му бил блокиран само 12 часа, доволно за да се смири.