„Твитер“ му го избриша профилот на Канје Вест

Од компанијата „Твитер“ му го избришаа профилот на Канје Вест кога раперот објави видео во кое тој се измоча врз својата награда „Греми“.

Славниот рапер во последните неколку месеци во повеќе наврати ги изненади и загрижи своите фанови со своите скандалозни постапки.

Тој како никогаш досега се соочува со поизразена манична фаза на неговото биполарно растројство за која отворено зборуваше и неговото семејство, кое вели дека прави сè за да го врати на вистинскиот пат.

Во синоќешниот испад на „Твитер“, Канје, освен инцидентот со наградата „Греми“, повика неколку издавачки куќи, откри доверливи договори, голем број телефони и контакти и побара помош од неколку славни лица.

Од „Твитер“ веднаш му го избришале профилот, но како што изјавил неговиот пријател, НБА-кошаркарот Рик Фокс, на Канје профилот му бил блокиран само 12 часа, доволно за да се смири.

Scroll to Top