Твој од моментот кога те видов и засекогаш: Џон Траволта се прости од Оливија Њутн-Џон

Џон Траволта се огласи на социјалните мрежи за да и оддаде почит на Оливија Њутн-Џон, неговата партнерка од клутниот „Брилијантин“, која која почина на 73 години по долгата борба со ракот на дојката.

„Најдрага моја Оливија, ти ги направи сите наши животи многу подобри“, напиша Траволта.  „Твоето влијание беше неверојатно. Те сакам многу. Ќе те видиме по патот и сите повторно ќе бидеме заедно. Твој од моментот кога те видов и засекогаш, Твојот Дени, твојот Џон!“

Траволта и Њутн-Џон беа главните глумци на „ Брилијантин“ изведувајќи две од нивните најпознати филмски изведби како Дени Зуко и Сенди Олсон. Мјузиклот од 1978 година, во режија на Рандал Клајзер, стана културен феномен со 366 милиони долари на светскиот бокс офис. Синглот „Hopelessly Devoted to You“, изведен од Њутн-Џон, беше номиниран на Оскарите за оригинална песна. Саундтракот на филмот беше вториот најголем албум во 1978 година во САД, следејќи го само саундтракот до „Треска во сабота навечер“ во која глуми Траволта.

По објавувањето на  филмот Траволта и Њутн-Џон останаа доживотни пријатели. Тие двајца често се обединуваа за да го прослават филмот. На проекцијата на 40-годишнината на „Брлијантин“ во 2018 година, дуото незаборавно ги рекреираше своите познати танцови движења на црвениот тепих.

„Толку вежбавме во период од три недели за да го направиме како што треба“, изјави Траволта тогаш за Варајати за пробите за филмот со Њутн-Џон.

„И може да се види од енергијата на тој филм, бевме толку желни да го исправиме што мислам дека сè беше како да одиме на училиште. Секој ден имаше режим: песна, танц, снимање, вежбање сцени, препишување сцени. Тоа беше огромен број настани“.

Смртта на Њутн-Џон ја  потврди нејзиниот сопруг Џон Истерлинг, кој на напиша: „Дамата Оливија Њутн-Џон (73) утрово мирно почина на својот ранч во Јужна Калифорнија, опкружена со семејството и пријателите. Ве молиме сите да ја почитуваат приватноста на семејството во овој многу тежок период“.

Оливија е симбол на триумфи и надеж повеќе од 30 години споделувајќи го своето патување со ракот на дојката. Наместо цвеќе, семејството бара да се направат какви било донации во нејзин спомен во Фондацијата Оливија Њутн-Џон.

Scroll to Top