Уапсен Џокер

By

Глумецот Хоакин Феникс бил уапсен во Вашингтон за време на протестот за борба против климатските промени заедно со уште 150 лица. Меѓу уапсените бил и неговиот колега Мартин Шин, кој подоцна бил пуштен на слобода.

Само неколку дена откако го освои „Златниот глобус“ за улогата на Џокер во истоимениот филм, американскиот гумец бил уапсен во Вашингтон. Американските медиуми пренесуваат дека Феникс се приклучил на протестот против климатските промени во организација на неговата колешка Џејн Фонда.

Покрај Феникс, Фонда ја поддржаа уште неколку нејзини колеги, меѓу кои и Мартин Шин и Меги Галинхел. Како што известува американската полиција, на споменатиот протест во Вашингтон биле уапсени 147 лица.

Ира Арлок, портпаролката на Фонда, на јавноста ѝ откри дека Феникс, како голем заговорник на веганството, на најновиот протест во својот говор остро ги критикувал месната и млечната индустрија.

„Она за што често се заборава да се говори на протестите за заштита на околината или разговорите за климатските промени е тоа дека месната и млечната индустрија се третата главна причина за климатските промени. Мораме понекогаш самите да размислиме што можеме ние да направиме во оваа борба. Постои нешто што можеме да го направиме денес, веднаш, со тоа што самите ќе одлучиме што ќе консумираме“, изјавил Феникс.

Глумецот неодамна стана заштитно лице на новата кампања на „ПЕТА“, во која се појави со голем број џамбо-плакати. Најпознатото здружение за заштита на животните го прогласи Феникс за лице на годината. Тој изјавил дека е веган повеќе од 40 години. Вели дека не јадел месо од својата трета година. Во доцните 70-ти години бројот на луѓе кои биле вегани бил значително помал за разлика од сега, изјавил Феникс.

„Сите ние сме животни. Не сакам да му предизвикам нешто лошо на друго живо суштество. Не сакам да му го одземам децата. Не сакам да го присилувам на заробеништво и одгледување само за да биде заклано. Тоа е апсурно и варварски. Не можам да разберам како можете да сведочите на такво нешто и истовремено тоа да не влијае на вас. Тоа сигурно има влијание и на нашата околина“, изјавил Феникс.

 

Ќе ви се допадне

4Anime: Hyper Police anime episode 25 online free at https://4anime.biz watch anime free

Website https://animepahe.cc: Watch Yumekuri animepahe Episode Full anime sites

Pleasant Goat and Big Big Wolf: The Tiger Prowess (https://animeflix.nl/m/blRM) Episode Full

AnimeFreak: 11eyes: Momoiro Genmutan anime episode Full online free at https://animefreak.ws dubbed anime

Thingiverse: https://www.thingiverse.com/kissanimemx/designs

Hub docker: https://hub.docker.com/u/kissanimemx