Уапсен глумецот Џонатан Рајс Мејерс

Ирскиот глумец Џонатан Рејс Мејерс е уапсен за возење во пијана состојба кога предизвикал сообраќајна незгода во која учествувал само тој. Мејерс, кој бил пијан, удрил во столб покрај патот во Малибу, а на местото на несреќата дошла полиција. Па кога тестот за алкохол покажал дека глумецот пиел повеќе од дозволеното, го уапсиле.

Адвокатите на 43-годишниот Мејерс платиле кауција од 5.000 долари, па тој е пуштен на слобода.

Не е првпат Џонатан да има проблеми со полицијата. Пред две години тој беше уапсен поради инцидент во авион, а претходно и за домашно насилство кога сопругата го пријави дека ја тепал. Тој неколкупати беше и на рехабилитација во центри за одвикнување од зависност од алкохол.

 

Scroll to Top