Уапсен осомничен за убиството на раперот Икстентејшн

Полицијата во Помпано Бич, Флорида, го уапси 22-годишниот Дедрик Девонси Вилијамс за убиството на американскиот рапер Икстентејшн. Младата музичката ѕвезда беше застрелана пред неколку дена од две лица  додека седел во својот автомобил пред салон за моторо во Дирфилд Бич, на Флорида.

Полицијата засега не открива кои се мотивите за суровото убиство, оти во раперот е пукано со десетина куршуми. Некои медиуми пишуваат дека е убиен во обид за грабеж, а други дека е убиен во знак на одмазда.

Осомничениот за убиството и претходно бил апсен, ама заради кражба на автомобили, семејно насилство, поседување на кокаин и оружје, но досега не бил осуден на затвор.

 

Scroll to Top