Уапсен пејачот Крис Ву, се сомничи дека силувал тинејџерка

Кинеско-канадскиот поп-пејач Крис Ву е приведен во полиција во Пекинг под сомнение дека намамил тинејџерка да имаат секс додека била пијана, пренесуваат странските медиуми.

Ву се сомничи дека ја силувал Ду Меижу (19), која тврди дека е негова поранешна девојка, кога таа имала 17 години. Таа го обвини пејачот и дека е ловец на малолетни девојчиња.

Меижу, поранешна членка на корејскиот бенд EXO, тврди дека ѝ се јавиле уште седум девојки, кои ѝ рекле дека Ву ги завел ветувајќи им работа и други можности, притоа нагласувајќи дека некои од нив се помлади од 18 години.

Ву бил приведен под сомнение за силување „како одговор на релевантни информации објавени на интернет, вклучително и дека намамил млади жени да имаат секс со него“, стои во полициското соопштение.

Веста ја разбрани кинеската јавност изминатиов викенд, корисниците на социјалната мрежа „Веибо“ остро го нападнаа Ву велејќи му да бега од Кина, а други го советуваа да се придружува до кинескиот закон додека е во Кина.

Канадскиот државјанин Крис Ву славата ја стекна како член во К-поп бендот EXO, а потоа почна  успешна соло кариера како пејач, актер и модел.

По последните обвинувања упатени против него од 19-годишна студентка Ду Меижу, која тврди дека е негова поранешна девојка, многу познати брендови ја прекинаа соработката со него, меѓу кои и „Луј Витон“, објави „Вашингтон пост“ во петокот, додавајќи дека 24 наводни жртви го обвинуваат Ву на социјалните мрежи.

Scroll to Top