Глумецот Кол Спраус, кој во јавноста е познат по улогата на Бен, синот на Рос во серијата „Приајтели“, бил уапсен додека протестирал против убиството на Џорџ Флојд во Санта Моника. Кол бил дел од групата демонстранти кои држеле транспаренти со ликот на Џорџ Флојд и извикувале „Не можам да дишам“, реченицата што убиениот ја повторувал додека полицаецот што го апсел му ја држел ногата преку вратот.
Кол, кој глуми и во хит серијата „Ривердејл“, самиот преку Инстаграм открил дека бил уапсен.
„Група мирни демонстранти, вклучувајќи ме и мене, е уапсена. Пред да почнат медиумите да го претвораат ова во сензационална вест за мене, постои јасна потреба да проговорам за околностите: црните животи се важни. Ме уапсија додека покажував солидарност, како и многу други во Санта Моника. Ни дадоа опција да си одиме, потоа нè предупредија дека ќе бидеме уапсени доколку не го направиме тоа. Некои се обидоа да си заминат, но нè пресретнаа други полицајци кои ни оневозможија да си заминеме и ни ставија лисици. Ова морам да го нагласам како хетеросексуален маж и јавна личност, последиците од моето апсење ќе бидат никакви во споредба со последиците на многумина што учествуваа во движењето. Ова нема никаква врска со мене. Ова е време кога се поддржуваме едни со други, кога ситуацијата ескалира, им даваме поддршка на другите и ја правиме потребната работа. Ова е време да размислиме што значи да се биде сојузник со некој. Се надевам дека другите што се на мое место ќе го направат истото,“ напиша 27-годишниот глумец на Инстаграм.