Џо Лау е малезиски финансиер кој успеал да го изведе еден од најголемите грабежи во историјата. Наводно украл повеќе од пет милијарди долари. За неговото дело пишуваат Том Врајт и Бредли Хоуп во нивната книга Billion Dollar Whale: The Man Who Fooled Wall Street, Hollywood, and the World.
Меѓу жртвите кои биле измамени се нашле повеќе ѕвезди од Холивуд меѓу кои и Леонардо ди Каприо и Парис Хилтон. Со украдените пари Џо купувал недвижности во делови од Њујорк. За да ги намами, тој им подарувал скапоцени уметнички дела на ди Каприо и други холивудски играчи. На Парис Хилтон дури и платил 100.000 долари за да се појави на една од неговите забави. Организирал раскошни забави, а ги откупил и правата за „Волкот од Вол Стрит“. Продуцентите на филмот на крајот морале да ги вратат сите 60 милиони долари.
Некое време излегувал со австралиската манекенка Миранда Кер.
Она што Џо го направил всушнот не е комплицирано, тврдат службите кои го бараат. Тој крадел од малезискиот државен фонд 1MDB наменет за изградба на инфраструктура, а во скандалот е вклучен и поранешниот малезиски премиер Најиб Разак (65), кој во четвртокот на својата сметка добил нови 25 обвинувања и би можел во затвор да го мине остатокот од својот живот.
По откриената измама, многу славни лица, меѓу кои и Леонардо ди Каприо морале да ги вратат скапите подароци. Малезија ги сакала своите пари назад, а судската постапка е во тек.
Џо денес е бегалец. Според некои сознанија живее во Кина, наводно под заштита на тамошните влади.