Упасени четири лица што пустошеле во куќите на ѕвездите во Лос Анџелес

Полицијата во Лос Анџелес уапсила четири лица одговорни за насилно влегување во куќи на познати личности, вклучувајќи ги и пејачката Ријана, актерката Кристина Милан, бејзбол-ѕвездата на „Џозерс“, Јасила Пјуг, и играчот на американскиот фудбал, Роберт Вудс, од „Лос Анџелес ремс“.

Уапсени се три момчиња на возраст од 18 и 19 години и мајката на еден од арамиите, пренесува агенцијата АП.

На конференцијата за новинари полицијата изложила предмети за кои се верува дека се украдени, вклучувајќи и скапи часовници, чанти, накит и мобилни телефони.

Истражувачите соопштиле дека откриле и листа на дополнителни цели. Меѓу нив бил и кошаркарот Леброн Џејмс, актерката Виола Дејвис и нејзиниот колега Мет Дејмон.

Полицијата навела дека жртвите на своите социјални мрежи ставиле објави дека не се дома.

 

Scroll to Top