Холивудскиот актер Скот Волф се разведува од сопругата Кели по 21 година брак.
Холивудскиот филмски и театарски актер Скот Волф, ѕвезда на серијата „Party of Five“, неодамна се разведе од сопругата Кели, со која беше во брак 21 година.
Волф, кој имаше и значајни улоги во сериите „The Nine“, „Perception“ и „Nancy Drew“, се огласи неколку часа откако неговата сопруга Кели ја објави веста за разводот.
„По 21 година брак, ја донесов најтешката одлука во мојот живот и поднесов барање за развод од сопругата Кели“, изјави Скот, кој има три деца со Кели: Џексон (16), Милер (12) и Луси (11), за списанието People.
„Нашите деца беа и ќе бидат љубовта на нашите животи и наш приоритет, па затоа љубезно ве молам за приватност во овој момент додека им помагаме да се снајдат во ова ново поглавје што е можно полесно.“
Неговата сопруга Кели, која некогаш беше ѕвезда во реалити-шоуата „The Real World: New Orleans“ и „Real World/ Road Rules Challenge“, не ја откри причината за разводот:
„Ова беше долго, тивко патување за мене, вкоренето во надеж, трпение и грижа за нашите деца. Иако нема јавно да зборувам за деталите, чувствувам мир знаејќи дека направив сè што можам за да го изодам овој пат со интегритет и сочувство“, напиша Кели на својот Инстаграм профил.
Кели го пофали Скот како „еден од најдобрите татковци“ и „најдобри партнери“ и нагласи дека нивните деца ќе бидат нивниот главен фокус во следното поглавје од нивните животи.