Успеав и без Роналдо: Георгина им одговори на критичарите откога нејзиното шоу стана хит на „Нетфликс“

Георгина Родригез им одговори на сите кои ја критикуваа и ја обвинија дека е со Роналдо само заради неговото богатство. Манекенката се соочи со голем број осуди и предрасуди од многу фанови, но и од членовите на нејзиното семејство откако нејзиниот документарец Soy Georgina стана хит на „Нетфликс“.

Во интервјуто за шпанското издние „Форбс“ Георгина зборуваше за нејзините чувства и за тоа како успева да се носи со нив.

„Вистина е дека во последните години работите за мене тргнаа на подобро, но исто така јас многу работев и знаев како да го искористам моето време и социјалните мрежи. Некогаш на еден многу грд начин ме нарекуваа само партнерката, но тоа не ме погоди и не ме болеше“, рече Георгина.

Таа рече дека самата финансиски би просперирала и без Роналдо. За милионите за кои вели дека самата ги заработила не сакала да зборува.

„Кога станува збор за парите, морате да ме извините, но не сакам да зборувам за тоа колку милиони има на мојата сметка во банка, но ги има“, рече Родригез.

Таа призна дека животот со Роналдо и дал многу можности, но рече дека досега работела и самата па затоа не е чудно што има милиони.

„Пресреќна сум што Роналдо ми е партнер. Заљубена сум во него и се чувствувам како вистинска среќница поради тоа. И те како сум свесна дека тоа што сум му девојка, ми се отвораат многу можности, но јас го изградив сето она што го имам во животот“, рече Георгина и дополни дека е горда на својот труд и на тоа како ја води кариерата.

„Постигнав рамнотежа меѓу професионалниот, приватниот и семејниот живот“, додаде Родригез.

 

 

 

Scroll to Top