Актерката Џенифер Анистон призна дека познатиот холивудски продуцент Харви Вајнштајн ја вознемирувал и дека ја присилувал да ги носи фустаните кои ги дизајнирала неговата поранешна сопруга, модната дизајнерка Џорџина Чепмен. Во едно од своите интервјуа таа кажа дека соработувала со Вајнштајн во 2005 година, кога го снимала филмот „Фатална прељуба“. Тогаш Харви се обидувал да ја натера да облече фустан од брендот Marchesa.
„Точно се сеќавам кога Џорџина ја исфрли новата линија на облека. Тогаш Харви пристигна во Лондон, каде го снимаше филмот. Ми кажа дека има желба да носам еден од фустаните на неговата поранешна сопруга на премиерата на филмот“, изјавила Анистон и објаснила дека тоа било единственото вознемирување од него.
Вајнштајн во моментов е една од најомразените личности во Холивуд. Меѓу десетиците жени кои го обвиниле за сексуална злоупотреба се и познатите актерки Анџелина Џоли и Гвинет Палтроу.