„Валканиот танц“, по 33 години, добива продолжение

Филмскиот хит „Валканиот танц“, по 33 години, добива продолжение. Актерката Џенифер Греј, која во филмот му беше партнерка на Патрик Свејзи, ќе глуми во продолжението на филмот од 1987, објави директорот на филмското студио „Лајонс гејт“, Џон Филтхајмер.

Греј исто така ќе биде и извршна продуцентка на филмот, кој ќе го режира Џонатан Ливајн.

„Ќе биде токму оној вид романтичен носталгичен филм, кој обожавателите на овој жарн го чекаат“, изјави Филтхајмер. Студиото не даде повеќе информации за сценариото, нити кој ќе игра во филмот.

Свејзи почина од рак на 57 години, во 2009 година. „Валканиот танц“ беше хит во киносалите, а доби и „Оскар“ за најдобра песна.

Scroll to Top