Сопругата на Коби Брајант, Ванеса, направи нова тетоважа, која засекогаш ќе ја потсетува на починатиот НБА-кошаркар и на ќерката, кои годинава загинаа во хеликоптерска несреќа.
Нејзини пријатели велат дека на тој начин таа им одговори на сите што ширеа шпекулации и невистини дека пред пет години таа го изневерила Коби со негов поранешен соиграч.
„Моето семејство засекогаш заедно“, ѝ пишува на стапало на Ванеса. Таа и јавно му се заблагодари на тату-мајсторот.
Претходно таа направи тетоважа и на вратот и на зглобот на раката. Таа ги има тетовирала имињата на сопругот и сите нејзини ќерки, починатата Џијана, тригодишната Бјанка, 17-годишната Натали и едногодишната Капри.
Коби Брајант заедно со својата ќерка Џијана годинава загинаа во хеликоптерска несреќа. Во јавноста претходно се ширеа голем број шпекулации за тоа дека и Коби не ѝ бил верен на сопругата, но дека и таа го изневерила со негов поранешен соиграч.