Ванеса конечно го отвори писмото од Коби Брајант

Ванеса Брајант, сопругата на легендарниот кошаркар на Лејкерс, на Инстаграм пбјави фотографија од неотворено писмо од Коби Брајант. Таа го прочитала на роденденот – на 5 мај.
„Вчера најдов плик со натпис на кого: За љубовта на мојот живот. Од твојот Папи. Чекав да го отворам писмото за мојот роденден. Ми даде нешто што со нетрпение чекав денес да го отворам. Иронијата е во тоа што Коби ја стави мојата слика со ангел што ме држи. Ми недостасува љубовта на мојот живот.  Благодарна сум што се разбудив денес со моите слатки девојки. Посакувам сите да бевме заедно“, напишала Ванеса на Инстаграм.

На 26 јануари 2020 година, петкратниот шампион во НБА, Коби Брајант, загина во хеликоптерска несреќа. Имаше 41. година. Заедно со него починаа неговата ќерка Џиана и уште седум други лица.

https://www.instagram.com/p/B_0AJnUj3FM/

 

 

Scroll to Top