Вдишување чад и топлински повреди се причини за смртта на Ен Хејџ

Актерката Ен Хејџ починала од вдишување чад, што предизвикало топлински повреди откако автомобилот што го возела удрил во куќа која се запалила, пренесува „Сан“.

Актерката Ен Хејџ почина на 12 август на 54-годишна возраст, откако на 5 август актерката предизвика сообраќајна несреќа, во населба во Лос Анџелес.

Како што пренесуваат странските медиуми, актерката во моментот на несреќата не била под дејство на алкохол, но во нејзината крв имало кокаин и фентанил.

По несреќата, Ен Хејс една недела била во кома, а веста за смртта на актерката ја потврди и нејзиното семејство, откако претходно најавија дека ќе ја симнат од апаратите за одржување. Хејџ претрпе сериозна фрактура на ребро во несреќата, соопштија од лекарската канцеларија во Лос Анџелес.

Scroll to Top