По принцот Хари, најавата на автобиографската книга на Бритни Спиер, сега во американските медиуми се појави веста дека Кристал Хефнер, вдовицата на Хју Хефнер, сопственикот на „Плејбој“ и олицетворение на животниот стил на Плејбој ќе пишува мемоари.
По години живеење во познатата вила на Плејбој, 37-годишната Кристал реши да започне одново – се пресели од Лос Анџелес на Хаваи и најави објавување на мемоари со наслов „Само кажи добри работи: преживување на Плејбој и пронаоѓање на себе“ за следната година , што сигурно ќе го разбранува Холивуд. „Никој не е безбеден“, изјавила таа за US Weekly.
Кристал пристигнала во Калифорнија од родната Аризона, а имала само 21 година кога го запознала Хју на забава по повод Ноќта на вештерките во неговиот познат Плејбој замок. Неколку дена подоцна ја поканли да се всели и да започне да живее со него и неговите девојки, 18-годишните близначки Кариса и Кристина Шенон.
„Кога се вселив, бев заслепен од сиот сјај, се чувствував како дете во фабрика за чоколади. Но, со текот на времето, сè почна да се распаѓа“, рече Кристал, која се омажи за Хефнер во 2012 година и остана со него до неговата природна смрт на 92-годишна возраст, пет години подоцна.Хефнер во тестаментот и остави на Кристал и на децата од претходните бракови 43 милиони долари, а на вдовицата уште и остави куќа од 5 милиони долари и заштеда од 3 милиони долари.
Во последниве години, десетици жени излегоа со застрашувачки приказни за нивното време во вилата на Плејбој. Овие жени беа модели или поранешни девојки на Хефнер кои го обвинија медиумскиот магнат и неговиот круг на пријатели за сексуална злоупотреба. Го опишаа како опасен манипулатор, а животот во вилата како затвор со строги правила за излез и полициски час. Кристал и Хефнер сè уште живееја таму кога една од нив, Холи Медисон, ги објави своите мемоари Down the Rabbit Hole: Curious Adventures and Cutionary Tales of a Former Playboy Bunny во 2015 година. Кристал се сети дека добила е-книга, па можела да го напише нејзиното име за да види што пишува за неа. Книгата веројатно била еден вид терапија за авторката, а што се однесува до Кристал, дури откако почнала да оди кај терапевт по смртта на Хју можела да почне да ја открива траумата што ја доживеала.
Пријателствата меѓу девојките во куќата се засновале на интереси, а од илјадниците девојки што ги запознала таму, Кристал, вели таа, останала во контакт со можеби пет.
„Приказните се многу детални, а има настани за кои никогаш досега не се зборувало“, објави таа.
Таа се надева дека нејзините мемоари ќе им помогнат на другите жени и верува дека покојниот Хефнер би ја поддржал нејзината приказна. Со промената на местото на живеење, Кристал ја менува и работата и се приклучува на бизнисот со дигитални членски картички за светот на погодностите за патување, а се опоравува и на приватно ниво – патува и се дружи со луѓе кои ја сакаат, таа е романтична, таа сака да се омажи еден ден да има деца.