Вечерва доделување на наградите Еми

Ноќеска, во 2 часот по македонско време, ќе започне доделувањето на телевизиските награди Еми. Оваа година не е номинирана „Игра на тронови“ (која лани освои 12 статуетки), па затоа сите серии имаат подеднакво добра можност за освојување на наградите во главните категории.

Се претпоставува дека новите серии „Вестворлд“, „Приказните на слугинките“ и „Почудни работи“ можат да освојат повеќе награди од ветераните „Куќа од карти“ или „Подобро побарај го Сол“. Во трката за најдобра серија покрај овие се и „Круна“ и „Ова сме ние“.

За наградите Еми гласаат 21.000 телевизиски професионалци, членови на Американската телевизиска академија.

Водител на церемонијата ќе биде комичарот Стивен Колберт.

Scroll to Top