“Вечерва изгледаше толку убаво“: Бред Пит и праќал пораки на Анистон додека била во брак Џастин Терукс

Многумина беа изненадени кога беше објавено сека актерката Џенифер Анистон се разведува од Џастин Терукс, а медиумите сега пишуваат дека за тоа е виновен Бред Пит

Џастин Терукс и Џенифер Анистон, кои се верија во 2012 година и се венчаа три години подоцна. Двојката се чинеше хармонична, па многумина беа изненадени кога во 2018 година, американските медиуми објавија дека се разведуваат.

Како што тврди “Мирор“ проблемот е во тоа што Џенифер остана во добри односи со својот поранешен сопруг Бред Пит. Тие си пипувале пораки, па тој наводно и напишал: „Вечерва изгледаше толку убаво“ и „Веќе ми недостасуваш“, а Терукс ги прочитал овие пораки и било една од причините за разделба. Тој рекол дека таа никогаш не престанала да го сака Бред, иако и го скршил срцето. Медиумите пишуваат дека  Терукс и Џенифер останаа во добр  односи.

Scroll to Top