Вечно младата Шер е на одмор во Италија, вели дека и на 75 години се убива од вежбање за да биде згодна

Американската поп-пејачка Шер (75) е на одмор во Портофино во Италија. Таа случајно беше фотографирана додека ужива во ресторан со пријателите.

Шер одлично изгледа за своите години, а за ја оддржи телесната форма, пејачката оди во теретана пет пати неделно и има личен тренер. Во една прилика таа откри дека вежба двојно повеќе отколку кога била млада. Покрај теретаната, таа сурфа, прави долги, а понекогаш игра и тенис.

„Се убив во теретана за да имам вакво тело. Не е дека имам неверојатна тајна што никој ја нема”, открива Шер.

Покрај вежбањето, Шер внимава и на исхраната. Таа не јаде месни производи и црвено месо.

„Не сакам месо, така што повеќето работи што ги јадам се здрави, освен десерт. Се обидувам да избегнувам храна богата со маснотии, бидејќи тоа ми додава тежина. Некое време живеев на сладок, печен компир и Цезар салата. Избегнувам да јадам сирење бидејќи тешко се вари“, вели таа.

Таа додава дека нејзиното мени редовно вклучува кафеав ориз, мешунки, тестенини и овошје. Избегнува алкохол и цигари, односно пие само три до четири пати годишно.

„Не може да наполните 40 години и да мислите дека Бог, владата или некој друг ќе се грижи за вашето тело. Вие сте единствената личност задолжена за вашето здравје и вашето тело”, истакнува пејачката.

Scroll to Top