Вечно младата Шер на 76 години со хеланки и потпетици низ улиците на Лос Анџелес

Познатата пејачка Шер (76) деновиве се прошета по улиците на Лос Анџелес облечена во хеланки кои ја оцртуваа нејзината линија, во комбинација со црни потпетици и чанта. Таа не крие дека за нејзиниот соврешен изглед најзаслужни се се редовното вежбање и правилната исхрана. Таа во една пригода откри дека ниту пуши ниту пие.

Во едно од своите интервјуа таа изјави дека не сака месо и дека внимава да внесува здрави производи.

„Млечните производи не се добри. Ако треба да консумирам млеко, ќе изберам безмасно. Сирењето го сметам за најлошото нешто за организмот. Тоа е масно и ќе го подигне нивото на холестерол во крвта“, рече таа.

Шер додаде дека тестенините ѝ давале многу енергија, како и овошјето. Таа често јаде банана, папаја и некатарини бидејќи содржат многу шеќер, но не е рафиниран.

„Тоа е нешто што отсекогаш сум го правела и едноставно уживам”, вели таа.

Scroll to Top