Велика Британија ќе бара од САД да им го испорачаат Кевин Спејси за да одговара за сексуалните напади

Државното обвинителство на Велика Британија ги одобри четирите обвинувања за сексуален напад против американскиот глумец Кевин Спејси, пренесе GBnews.

Британската влада сега сериозно ја разгледува можноста да испрати барање за испорачување на Кевин Спејси од САД, за четирите обвинувања за сексуален напад.

Ако не биде оспорен процесот, тоа би можело да се случи во период од неколку недели, пренесе Daily mail.

„CPS ја одобри казнената пријава против Кевин Спејси по четири точки од обвинението за сексуално злоставувања поднесено од страна на тројца мажи“, рече во соопштението Розмери Аинсил, водителката од Одделот за посебни злостори, CPS-a.

„Кевин Спејси исто така е обвинет за наведување на лице на пенетративна сексуална активност без согласност. Обвинувањата следеа по прегледаните докази кои ги собра Метрополитската полиција во истрагата“, стои во продолжението од соопштението.

Трите обвинувања се однесуваат на сексуално злоставување кое наводно се случило во Лондон, а едно во Глоуцестершир, а Спејси е обвинет и за дополнително тешко сексуално дело во Лондон.

 

Scroll to Top