Венчавката на Наоми Бајден е 19-та во историјата на Белата куќа и прва на внука на американски претседател

Викендов во Белата куќа ќе има свадба. Наоми Бајден, најстарата внука на актуелниот американски претседател Џо Бајден ќе се мажи за нејзиниот свршеник Питер Нил.

Првата дама Џил Бајден изјавила дека е возбудена што ја гледа нејзината внука како ја планира својата свадба.

Тоа е прва венчавка на внука на американски претседател во Белата куќа и 19-та венчавка одржана во историјата на таа институција.

„Претседателот и првата дама ќе бидат домаќини на свадбата на нивната внука Наоми Бајден и нејзиниот вереник Питер Нил во Белата куќа на 19 ноември 2022 година“, претходно потврди за магазинот „Пипл“ Елизабет Александар, директорка за комуникации на Џил Бајден.

Волстрит журнал известува дека церемонијата ќе се одржи со почеток во 11 часот, со свечен прием. Мајкл Лароса, поранешен медиумски специјалист за Џо Бајден, изјавил за Асошиетед прес дека семејството ќе плати за свадбата и свадбените настани во Белата куќа, како што е вообичаено.

Наоми ја објави свршувачката со Нил минатиот септември на Инстаграм, а подоцна сподели дополнителни детали од церемонијата на Твитер.

„Конечно сфативме каде ќе се одржи венчавката. Ќе се венчаме на јужниот тревник на Белата куќа“, открила таа тогаш.

„Конечно сфативме каде ќе се одржи венчавката. Ќе се венчаме на јужниот тревник на Белата куќа“, открила таа тогаш.

Поминати се девет години од последната венчавка во Белата куќа, која се одржала во октомври 2013 година, кога поранешниот фотограф од Белата куќа Пит Соуза се оженил со Пети Лиз во градината на розите за време на администрацијата на Обама. Обама ја запознал Лиз затоа што присуствувала на некои настани во Белата куќа.

Во историјата, само еден претседател некогаш се оженил во Белата куќа, а тоа била свадбата на претседателот Гровер Кливленд со Френсис Фолс, која што се одржала на 2 јуни 1886 година во Сината соба. Во поновата историја, тоа биле свадбите на братот на Хилари Клинтон, Тони Родам и Никол Боксер во мај 1999 година, и Џена Буш Хагер, која одржа прием во Белата куќа набргу по нејзината венчавка во Тексас во 2008 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NKB (@naomibiden)