Венчавката со принцот го смени мојот сон да станам хирург: приказната на саудиската принцеза Амира

Принцезата Амира бин Ајдан бин Најеф Ал Тавел во 2013 година се разведе од својот сопруг, принцот на саудискиот принц, Авалед бин Талал, а пет години подоцна, се омажи за помалку познат принц од него, милијардерот Калиф Бин Бутија ал Мухаирија. Таа пет години живееше сама, а во ноември 2018 година, повторно се венчала.

На приватната церемонија во Париз, биле поканети голем број славни личности, меѓу кои и Опра Винфри. Нејзиниот втор сопруг, не е така познат во јавноста, а ни приближно богат како принцот Авалед бин Талал, но парите не биле проблем за неа. Денеска, нејзиното богатство се проценува на околу осум милијарди долари.

„Тоа што бев принцеза и што се омажив за принцот Авалед бин Талал, ги промени моите сонови од младоста, дека еден ден ќе станам кардиохирург. Но, животот со принцот ми даде можности и ми наметна голем број други обврски. Но, со титулата принцеза, никогаш не станав друга личност. Ние и понатаму останавме пријатели со мојот поранешен сопруг, но јас покажав дека можат да се грижам самата за себе“, вели Амира.

Како што и самата изјавила, таа е родена и израсната во семејство од средна класа, без татко. Нејзините родители се развеле уште рано во нејзината младост. Амира била одгледана од нејзината мајка, дедо и баба.

Таа завршила средно образование во родното место Ријад. Во 2001 година, како матурантка го запознала принцот Авалед бин Талал, кога му правела интервју за школскиот весник. По интервјуто со принцот, таа заминува за САД и таму се запишала и дипломирала на Универзитетот „Њу Хевн“ во Конектикат, на отсекот за бизнис администрација.

Иако не се виделе седум години, принцот Бин Талал не ја заборавил. Тие во 2008 година се венчале и Амира станала неговата четврта сопруга. Младата, убава и образована Амира, со извонредно познавање на англискиот јазик, наскоро потоа стана член на персоналот на кралската добротворна организација на Бин Талал.

Таа активно учествуваше во проектите на фондацијата Alwaleed Philantropies. Активно учествуваше и во проекти за помош на населенијата во Пакистан и Сомалија. Има патувано во преку 70 земји, а на бројните патувања со сопругот, таа се запознала со голем број на државници и европски кралства.

Вели дека најважно од сè и била активната борба за зголемување на правата на жените во Саудиска Арабија.

„Многумина ме познаваат, разговарав и со екстремни конзервативци и екстремни либерали, но се трудам да бидам мост за разбирање на едни со други. Знам дека имам многу противници, но не сакам да ги земам правата на другите, туку да се борам за правата на обесправените. И не сакам револуција, туку еволуција. Жените на запад се борат повеќе од сто години за своите права и сеуште не ги постигнале докрај. А, жените во Саудиска Арабија живеат во друштво кое е многу конзервативно, но полека ги остваруваме своите права. Станува збор за култура, религија“, говорела Амира во своите интервјуа, пред 2017 година, кога жените во оваа земја, добиле право да возат коли.

Во таа своја борба за поправедна положба во општеството, таа имала несебична поддршка од својот претходен сопруг, принцот Бин Талал. На крајот и самата докажа дека може да биде самостојна и самосвесна личност кога во 2013 година се одлучи да се разведе од него.

Овој богат саудиски принц е познат и на Балканот. Тој беше во посета на Хрватска во 2014 година, а во тој момент беше седми на листата на „Форбс“, на најбогати луѓе во светот. Неговиот имот беше проценет во висина од 40 милијарди долари. Бин Талал ќе остане запаметен по неговото лежерно однесување.

Овој голем филантроп дел од своето богатство го има вложено во добротворни организации. Познато е и дека, во 1995 година го спасил сегашниот американски претседател од банкрот.

 

Scroll to Top