Свршеникот на Аријана Гранде барал дозвола за да ја бакне

Светската музичка ѕвезда Аријана Гранде во емисија на Queen Radio открила дека првиот бакнеж со нејзиниот свршеник Пит Дејвидсон бил филмски.

„Беше неверојатно, преслатко. Ме праша дали може да ме бакне и почека да му кажам дека може. Не знам како да го опишам првиот бакнеж. Постоеше хемија. Беше сладок, а истовремено секси“, рекла Аријана во интервјуто.

Пејачката раскажала и дека Пит е нејзината сродна душа, дека се премногу слични, ама дека се надополнуваат во секој поглед и дека си се огромна поддршка еден на друг.

Гранде и Дејвидсон се свршија пред два месеца. Пит ја побарал за жена со дијамантски прстен вреден 93 000 долари.

Scroll to Top