Контроверзниот музичар Мерлин Менсон (48) и славниот холивудски актер Џони Деп (54) го шокираа светот со сцени на оргии во новиот спот на пејачот, чие сценарио го има самиот смислено.
Деп и Менсон се долгогодишни пријатели и одлично се разбираат, па соработуваа и на новиот проект на рокерот, песната „Kill4Me“ – Убиј за мене.
Бидејќи добро се познаваат и немаат тајни, одлично се снаоѓаат и во сцените од оргиите.
Мерлин Менсон е познат по експлицитниот израз, но фановите на Џони Деп по ова останаа во шок.