(Видео) Адел се опи од вино во новиот спот

Британската пејачка Адел го објави новиот видеозапис за песната I drink wine, во кој таа е седната во гума и плови низ вода додека пие чаша вино.

На 15-кратната добитничка на Греми ова видео ѝ е прво откако го објави спотот Oh My God уште во јануари.

Оваа песна се најде на нејзиниот последен албум насловен 30, кој излезе во ноември.

Адел во септември ја освои специјалната награда Еми за нејзиното шоу „Адел: Само една ноќ“.

Таа се подготвува да ги започне своите одложени концерти во Лас Вегас „Викенди со Адел“ во ноември. Таа треба да одржи 32 концерта во Колосеумот на Цезар Палас од 18 ноември до 25 март 2023 година.

 

Scroll to Top