(Видео) Адриен Броди одби да биде прекинат на Оскарите, неговиот говор предизвика лавина реакции

Адриен Броди го доби својот втор Оскар за најдобар актер благодарение на улогата во „Бруталист“ во режија на Брејди Корбет. Тој се натпреваруваше против Тимоти Шаламе, Колман Доминго, Ралф Фајнс и Себастијан Стен.

Внимание привлече и неговиот говор. Имено, кон крајот на неговиот долг и страстен говор, Академијата почна да пушта музика за да го прекине.

„Веќе завршувам, ве молам намалете ја музиката“, рече Броди. „И порано сум поминал низ ова. Ви благодарам. Не ми е прв пат, но ќе бидам краток”, додаде тој.

Броди го започна својот петминутен говор изразувајќи благодарност за животот и кариерата што имал можност да ги изгради. „Глумата е многу кревка професија. Изгледа гламурозно, а во одредени моменти е“, рече Броди.

„Но, она што го научив од привилегијата да се вратам овде е да имам перспектива. Без разлика каде сте во кариерата и што сте постигнале, сето тоа може да исчезне. И мислам дека свесноста е она што ја прави оваа вечер посебна, како и благодарноста што сè уште можам да го работам она што го сакам“, рече тој.

Интересно е тоа што тој ги доби двата Оскари за неговите улоги на ликови, преживеани од Холокаустот.

„Повторно сум тука за да ја претставам трајната траума и последиците од војната, системската репресија, антисемитизмот, расизмот и исклученоста“, рече Броди. „Се молам за поздрав, посреќен и поинклузивен свет. Ако минатото може нешто да нè научи, тоа е потсетник дека не смееме да дозволиме омразата да се шири без отпор“, рече тој.

Неговиот говор набрзо стана „мим“ на социјалните мрежи.

Scroll to Top