Во селебрити изданието на американската верзија на шоуто „Дали сакате да станете милионер“, актерката Лорен Лапкус освои 500 илјади долари
Сите освоени средства ќе бидат исплатени на здружението “Cron & Colitis”
Прашањето на кое таа се откажа беше: “Во периодниот систем на елементи, има четири елементи кои добиле име по што?”
А) Мачки на Антон Лавоазје; Б) Месечината на Нептун; В) Средното име на Марија Кири; Г) Рударско село во Шведска.
Подоцна таа признала дека ќе одговорела под А, а точен одговор е Д. Селото се вика Итерби, и го добило името по итријум, итербиум, ербиум и тербиум.
Лапкус се прослави со споредна улога во серијалот „Портокаловата е нова црна“ и во филмот на Нетфликс “The Wrong Missy”