(Видео) Актерката Ешли Џад прооде пет месеци по несреќата во Конго

By

Холивудската актерка Ешли Џад објави видео на „Инстаграм“ во кое вели дека, конечно, проодела по пет месеци и три недели од тешката несреќа во прашума во Демократската Република Конго кога доби 4-5 скршеници на левата нога.

„Ногата никогаш повеќе нема да ми биде иста. Тоа е нова нога и јас ја сакам, ние сме другарки. Поминавме долг пат и нè очекува неверојатен живот. Од осумчасовна операција и исцрпувачка физикална терапија до остеопатија. Благодарна сум им на сите што ми помогнаа во лекувањето. Работев напорно, особено за моето семејство и партнерот“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ashley Judd (@ashley_judd)

Меѓу споделените фотографии и видеа на истата објава Џад постави и видео од пред два месеца каде што едвај оди за споредба со досегашниот успех.

За потсетување, таа падна во прашума во Конго и пет часа лежеше неподвижна чекајќи некој да дојде и да ја спаси. По 55 часа, докторите успеаја да ѝ ја спасат ногата без да ѝ ја ампутираат. Таа истакна дека тамошните жители немаат ниту таблети за ублажување на болките. Таа им се заблагодари на тамошните доктори и жители преку објава на нејзиниот инстаграм-профил.

(Видео) По 55 часа, докторите успеаја да не ми ја ампутираат ногата: Ешли Џад за несреќата во Конго

Ќе ви се допадне

WCOStream Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

KissAnime: Blue Dragon anime episode 51 online free at https://kissanime.mx kissanime my hero academia

Watch Yukikaze (Dub) Episode 5

https://animetv.cc chain anime tv

Blip: https://blip.fm/gogoanimelol

Penzu: https://penzu.com/p/fb5bdb65