(Видео) Ал Пачино го прослави 82. роденден во италијански ресторан со 54 години помладата девојка

Ал Пачино го прослави својот 82. роденден со својата 54 години помлада девојка, Нур Алфалах. Актерот роденденот го прославил во италијански ресторан во Калифорнија. За оваа пригода парот бил облечен во слична комбинација, во која доминирала црната боја.

 Нур и Ал Пачино почнале да се забавуваат на почетокот на пандемијата.

Големо медиумско внимание предизвика романсата помеѓу Нур и Ал Пачино, но оваа девојка и во минатото ја поврзуваа со мажи кои се драстично постари од неа, како Клинт Иствуд (91) и милијардерот и филантроп Николас Бергруен (60). Кога имала само 22 години, таа се забавувала со Мик Џегер, кој во тоа време имал 74 години.

Ал Пачино има три деца – две ќерки и еден син.

Scroll to Top