(Видео) Алек Болдвин уапсен откако се степал на сред улица во Њујорк

Актерот Алек Болдвин (60) е уапсен во Њујорк по кавгата која избила околу паркинг место, по која тој удрил друг возач.

Полицијата соопштила дека Болдвин бил приведен околу 13:30 часот по локално време во Вест Вилиџ на Менхетен, пренесува агенцијата АП.

Порталот ТМЗ наведува дека друг возач, стар 49 години, се уфрлил на местото каде Болдвин имал намера да го паркира возилото, поради што настанал инцидентот.

Полицијата на Менхетен и претходно го има приведено Болдвин во 2014 година, затоа што возел велосипед во спротивна насока во еднонасочна улица и наводно ги навредувал полицајците.

 

Scroll to Top