(ВИДЕО) Анџелина Џоли ги изнервира многумина на обраќањето на годишнината од Сребреница

By

Холивудската актерка Анџелина Џоли (42) во оквир на програмата во Лондон која е организирана вчера по повод 22 годишнината од воениот злочин за починатите во Сребреница, и се обрати со порака на публиката.

Таа упати порака на луѓето во Босна и Херцеговина, особено на мајките во Сребреница.

„Со нив сме. Никогаш нема да заборавиме“, изјави Анџелина.

Посоебен акцент стави на борбата против омразата и нетрпеливоста.

„Каде омразата не се оспорува, насилието ни е оддалечено на само неколку чекори. Само неколку земји имаа такво влијание, или така му легнале на срце, како што е Босна и Херцеговина. Секој кој ја пости знае дека Босанците се топли, со отворено срце, толерантни, и длабоко хумани луѓе, со добра смисла за хумор“, изјави таа.

Џоли додаде дека Босанците се многу силни и отворени луѓе, кои по воените злочини останаа со непокорен дух, додека сите околу нив останаа во рушевините, пренесува 24 sata.hr.

„Босанците не се жалат. Тие се скромни луѓе. Тие бараат посебен третман или внимание за себе. А, ние понекогаш сме виновни што мислиме дека конфликтот и неговата последица е минато“, раскажа актерката.

Таа Сребреница ја посети во 2014 година. Таму се сретна со претставничката на здружението „Мајка на Сребреница“, каде разгзовараше за силуваните жени. Во тој момент, ги гледаше сликите во Спомен собата во Поточарима, а медиумите ги забележаа нејзините реакции.

Погледнете го видеото:

 

 

Ќе ви се допадне