(Видео) Арета Френклин погребана во Детроит

Легендата на соул музиката Арета Френклин вчера е погребана во родниот град Детроит во присуство на нејзиното семејство и пријателите, меѓу кои имаше и многу познати личности.

Погребот траеше пет часа, а голем број нејзини обожаватели со часови стоеја пред црквата. На Френклин со свои настапи на погребот и оддадоа почит Стиви Вондер, Аријана Гранде, Чака Кан, а говор помеѓу дригите имаше и поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон.

Френклин почина на 16 август во својот дом во Детроит од рак на панкреас.

Scroll to Top