(Видео) Арнолд Шварценегер по казна јадеше тестис од мисир

Арнолд Шварценегер заедно со Линда Хамилтон гостуваше во емисијата на водителот Џејмс Кроден за да го промовира својот нов филм „Terminator: Dark Fate“. Легендарниот актер по разговорот учествуваше во една игра која воопшто не беше пријатна.

Имено, Арнолд мораше да одговори на прашањата кои му ги постави Корден, а ако не сака да даде одговор на некое би морал да изеде нешто што наизглед не се пријатни за јадење, како пенис од бик, птичја плунка и друго.

Шварценегер добро се носеше, но на едно прашање не можеше да одговори.

– Ти си една од најголемите светски ѕвезди од акционите филмови, а во филмот The Expendables глумеше со Силвестер Сталоне, Џејсон Статам и Мики Рурк. Споредете ги своите колеги по нивните актерски способности, од најдобриот до најлошиот, гласеше прашањето на водителот, кое што на Шварценегер му беше непријатно да го одговори.

– Би сакал да почнам…, рече Арнолд, но на крајот не можеше да даде одговор. Како казна мораше да изеде тестиси од мисир.

Scroll to Top