(Видео) Бакингемската палата откри од што боледува кралицата Камила

Британската кралица Камила изминатиов месец има здравствени проблеми, а сега се знае за што точно се работи. Имено, Бакингемската палата објави дека кралицата боледува од вирусна пневмонија.

Неодамна емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани и неговата сопруга Шеиха Џавахер го посетија Обединетото Кралство. Меѓу членовите на кралското семејство кои ги прими, сепак, не беше кралицата, која се појави само на вечерниот дочек.

Болеста ја спречи и да присуствува на церемонијата на положување венци во Лондонскиот кенотаф по повод Денот на сеќавањето на загинатите војници. Се шпекулира дека и се слошило при неодамнешната посета на Австралија и Самоа, а исцрпеноста поради која го намалила бројот на обврските е еден од симптомите на пневмонија.

Потсетуваме, на 5 ноември Бакингемската палата објави дека здравствената состојба на кралицата е влошена, поради што таа откажа неколку планирани ангажмани. Меѓу нив беа и премиерата на филмот Гладијатор II, приемот за освојувачите на медали на Олимписките и Параолимписките игри во Париз и прославата на 76-тиот роденден на кралот.

Една недела по веста за нејзината болест, 77-годишната Камила навистина се појавила на една од планираните настани. Таа дошла да се сретне со финалистите на наградите Букер, каде што останала 15 минути, при што неколку пати се кашлала.

Scroll to Top