(Видео) Бекам ја бакна ќерка си во уста и ги згрози фановите: ова ги помина сите граници

Британскиот фудбалер Дејвид Бекам објави видео од пречекот на Новата година, при што во уста ја бакнува ќерка си Харпер и ги згрози фановите. Тие го критикуваат славниот фудбалер, но и неговата сопруга Викторија, и велат дека тоа не е нормално однесување.

„Да се бакнува ќерка во уста, ги руши сите граници што мора да постојат помеѓу родителот и детето“, „Бев шокиран кога го видов ова“, „Ова не е начин да се третира сопствената ќерка или кое било друго дете“, пишува во коментарите.

Бекам се најде во слична ситуација и пред две години кога објави серија фотографии од својата ќерка како се лизга, а на една од нив ја бакнува во уста. Слична фотографија лани објави и Викторија, па и тогаш во јавноста коментираа дека нивното однесување е непримерно.

Дејвид и Викторија се во брак од 1999 година и имаат четири деца: синовите Бруклин Џозеф, Ромео Џејмс и Круз Дејвид и ќерката Харпер Севен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Scroll to Top