(Видео) Бен Афлек ѝ ја тресна вратата па ѝ викаше на Џенифер Лопез во автомобилот

Папараците повторно го снимија Бен Афлек како ѝ вика на Џенифер Лопез, овој пат во нивниот автомобил среде улица. Ова е трета нивна расправија во јавност, откако претходно си расправаа еден со друг на нејзината премиера на филмот „Мајка“ и на „Греми“ наградите“.

Афлек беше снимен и како тетрално прво ѝ ја тресна вратата на Лопез откако влезе во автомобилот а потоа и викаше додека чекаа на семафор. Му пречеа и папараците кои постојано го следеа. „Дејли Мејл“ дојде до видеата кои ги снимија папараците и случајните минувачи и ги објави.

Фановите застанаа во одбрана на Лопез и рекоа дека Бен не се однесувал убаво кон неа.

„Џенифер изгледа тажно. Беа толку занесени во разговорот што не го ни свртеа погледот. Се гледаа само еден во друг додека чекаа на семафор“, рече еден од сведоците.

Одамна е познато дека Бен не ги сака папараците, јавните настани или настаните и премиерите. Тоа им беше проблем уште пред дваесетина години кога за прв пат беше во врска со Џенифер.

Тогаш почна да се зборува дека таа му диктира како да се однесува и што да облече. Во Холивуд почнаа да му се потсмеваат и да го нарекуваат рент, објаснувајќи дека изгледа како Лопез да го изнајмила.

Набргу потоа ја раскинаа свршувачката. Пејачката се омажи за пејачот Марк Ентони, а тој се венчаше со Џенифер Гарнер (51) со која сè уште е во добри односи поради децата.

„Гарнер беше многу подобра за него од Лопез. Таа не беше толку желна за внимание. Таа повторно сака да го повлече на дното“, коментираа некои од фановите на Бен.

Scroll to Top