(Видео) Бев гола во кадата кога Бен ме побара за жена: Џеј Ло раскажа за романтичната свршувачка

By

Џенифер Лопез пред неколку дена вторпат се сврши со Бен Афлек, а сега во видео сподели детали од запросувањето. Таа откри дека воопшто не очекувала Афлек да ја побара за жена додека била гола во када и уживала во пенлива купка. Иако не било гламурозно, Џенифер вели дека тоа било најромантичното нешто што ѝ се случило во животот.

dobivaj vesti na viber

„Дали некогаш сте си замислиле како би изгледало ако ви се исполни најголемиот сон? Во неделата вечер додека бев на моето омилено место, во када со пенлива купка, мојата љубов клекна на колено и ме побара за жена. Воопшто не очекував и само го погледнав во очи смеејќи се и плачејќи во исто време, обидувајќи се да се убедам дека по 20 години ова се случува повторно. Бев буквално без зборови и тој ми рече ’Дали ова значи да?‘ Јас му реков ‘Да, секако дека значи да’. Се смеев и солзи ми течеа по лицето, се чувствував неверојатно среќно и исполнето“, вели Лопез за запросувањето.

„Воопшто не беше гламурозно, но тоа беше најромантичното нешто што можев да си го замислам… Тивка неделна ноќ дома, двајца луѓе си ветуваат дека секогаш ќе бидат тука еден за друг. Двајца многу среќни луѓе кои добија втора шанса за вистинска љубов“, додава таа.

Џеј Ло доби дијамантски прстен во зелена боја, и кажа дека оваа боја отсекогаш ѝ била омилена.

„Зелената отсекогаш ми била среќна боја и сега, со сигурност, секогаш ќе биде.Навистина значи кога некој мисли на вас, ве сака и ве забележува. И запросувањето беше најсовршениот момент. Многу сум среќна. Реткост е да добиете втора шанса за вистинска љубов“, вели Лопез во видеото.

Џенифер и Бен првпат ја почнаа врската во 2002 година, се свршија по неколку месеци и планираа да се венчаат во 2003 година. Сепак, ја откажаа венчавката и во 2004 година се разделија. Парот ја обнови врската по 17 години, лани во април. Двајцата имаат деца од претходни бракови – пејачката ги има близнаците Еме и Максимилијан со поранешниот сопруг Марк Ентони, а актерот е татко на Вајолет, Серафина и Семјуел кои ги доби со поранешната сопруга Џенифер Гарнер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Ќе ви се допадне