(Видео) Бијонсе го прекина концерт за да ѝ оддаде почит на Тина Тарнер

Бијонсе ѝ оддаде почит на Тина на нејзиниот концерт во Париз во петокот и рече дека без „кралицата на рокот“ би ја немало и неа.

Таа за момент го прекина настапот и се потсети на наградата Греми во 2008 година, кога на сцената со Тина го изведе нејзиниот хит „Proud Mary“.

„Сакам само да одвојам секунда и да ѝ оддадам почит на Тина Тарнер. Ако сте мој обожавател, вие сте обожавател и на Тина Тарнер, бидејќи јас не би била на оваа сцена без неа, па сакам да се огласите за таа да ја почувствува вашата љубов“, рече Бијонсе.

Scroll to Top