(Видео) Бијонсе ја објави првата песна од новиот албум

Бијонсе ја објави првата песната од нејзиниот нов соло албум насловен „Ренесанса“. „Брејк мај соул“ е првата песна која трае повеќе од четири минути.

Песната излезе помалку од една недела откако Колумбија Рекордс објави дека седмиот соло студиски албум на Бијонсе, ќе се појави на 29 јули. „Брејк мај соул“ се наоѓа шеста по ред на албумот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Ова е првиот соло албум на ѕвездата по шест години пауза. Во меѓувреме, таа објави саундтрак албум на „The Lion King“ и „Everything Is Love“, колаборативен албум со сопругот Џеј Зи. Во март го отвори 94-тото годишно доделување на Оскарите со извонредна изведба на нејзината номинирана песна „Be Alive“ од кралот Ричард.

Набргу по објавувањето на веста за новиот албум, британскиот Вог сподели фотографии од Бијонсе која се најде на насловната страница на јулското издание, облечена во најразлични модни комбинации заедно со кратка статија за тоа што следува со албумот.


Scroll to Top