(Видео) Бијонсе за малку ќе настрадаше на концерт, настапот веднаш беше прекинат

Бијонсе доживеа за малку, кобна несреќа на својот концерт во Хјустон, кога малку фалеше да падне од висечки автомобил. Настапот веднаш беше прекинат.

Додека ја изведуваше својата песна „16 Carriages“ во висечки автомобил, црвениот кабриолет одеднаш се навали на страна, а застрашувачкиот момент стана вирален на социјалните мрежи.

„Стоп“, почна да вика таа, а потоа го повтори неколку пати за да го запре концертот, со навестување на паника во гласот. Публиката замолкна на момент, а потоа почна да вика и да навива.

Кабриолетот, кој беше прикачен на кабли, полека беше спуштен на сцената, а Бијонсе, и покрај застрашувачкиот момент, успеа да се смири. Откако се нашла на безбедно, накратко ја напуштила сцената, а потоа се вратила за да го заврши својот настап.

Таа го продолжила својот настап и им се заблагодарила на своите обожаватели за нивната поддршка, а многу обожаватели ја пофалиле нејзината реакција во коментарите на социјалните мрежи.

Scroll to Top