(Видео) Бил Клинтон ја измерка Аријана Гранде

By

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон не го тргна погледот од пејачката Аријана Гранде за време на нејзиниот настап на погребот на Арета Френклин во Детроит.

Камерите го уловија Клинтон како го следи секое нејзино движење, а по прегледаните снимки, голем дел од твитерџиите, тврдат дека поранешниот претседател во еден момент ја измеркал пејачката од глава до пети.

„Одвратно… Погледнете како Бил Клинтон ја гледа Аријана Гранде додека пее на погребот на Франклин. Обидете се да не повратите. Бил повторно би ризикувал се поради Аријана. Некои работи не се менуваат“, беа само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Некои од твитерџиите го обвинија и свештеникот кој седел до Бил Клинтон. Други пак сметаат дека Аријана за погребот на Арета се појавила неприкладно и дека нејзиниот фустан бил прекраток.

Бил и Хилари Клинтон на крајот се фотографирале со Аријана и нејзиното момче Пит Дејвидсон.

 

Ќе ви се допадне