(Видео) Били Ајлиш го прекина концертот кога виде дека на една од девојките во публиката ѝ е потребна медицинска помош

Пејачката Били Ајлиш во саботата го прекина концертот во салата „Стејт фарм“ во Атланта, откако виде дека на една нејзина обожавателка во публиката ѝ е потребна медицинска помош. Таа побара од својот тим веднаш да ѝ донесат инхалатор.

Добитничката на Греми награда не сакаше да продолжи со пеењето, сè додека не ѝ потврдат дека со девојката сè е во најдобар ред

„Ви треба ли инхалатор?“, ја праша Били и потоа рече дека нема да продолжи да пее сè додека девојката не биде добра, а од публиката побара да не се туркаат.

„Сè е во ред, дајте ѝ малку време. Не се туркајте, нема да продолжам додека таа не биде океј“, рече Ајлиш.

Девојчето на кое ѝ беше пружена медицинска помош остана до крајот на концертот. Пејачката неколку пати мораше да ѝ се обрати на публиката и рече дека нема да пее сè додека сите не бидат добро. Многу од медиумите нејзиниот настап го споредија со оној на раперот Тревис Скот.

За потсетување, за време на фестивалот на Скот, кој се одржа минатата година, се случи инцидент. Тогаш во стампедо загинаа осумина лица, а десетици беа повредени.

Scroll to Top