(Видео) Били Ајлиш ја промовираше песната од новиот филм за Џејмс Бонд

By

„Нема време за умирање“ е песната од новиот филм за Џејмс Бонд што ја пее Били Ајлиш. Песната беше објавена на полноќ, два месеца пред премиерата на филмот. Песната е драматична, мрачна балада која зборува за лаги и измама.

Ајлиш, која во декември наполни 18 години, е најмладата пејачка што снимила песна за некој од филмовите за тајниот агент 007. Таа ја напиша и ја продуцираше песната заедно со својот постар брат Финис, кој ѝ е и музички соработник.

„Свесно и несвесно се обидувавме да направиме Бонд-тема за нашите животи“, изјави Ајлиш, која во јануари освои пет  награди „Греми“ за својот дебитантски албум.

Таа за првпат ќе ја изведе песната во живо на Британските музички награди следната недела. Тогаш на сцената ќе ја придружуваат композиторот Ханс Цимер и поранешниот гитарист на „Смитс“, Џони Мар.

Ќе ви се допадне